Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Шик, тренди и смело: Кендал Џенер со гол грб

Шик, тренди и смело: Кендал Џенер со гол грб
300x250 opst2

Ѕвездата на ТВ-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ и една од најплатените модели на денешницата, Кендал Џенер, облече смела блуза со отворен грб и истобојни хеланки за да го вози својот винтаџ Кадилак околу Малибу во четвртокот.

Застанувајќи на бензинска пумпа, 24-годишниот топ модел се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи кафена маска на лице.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, на 18 јуни ги направи маските и марамите на лицето задолжителни за секое излегување на отворено.

Кендал Џенер беше најплатен модел во светот за 2018 година, според „Форбс“. Таа успеала да заработи 22.5 милиони долари само таа година, надминувајќи ги Карли Клос и сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Најголем дел од профитот Кендал го остварила благодарение на соработката со брендовите„Адидас“, „Келвин Клајн“ и „Естер Лаудер“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време