Утрински Весник
Македонија

Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања

Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат во почетокот на јули.

– Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер.

Натаму тој во друга објава наведува дека одржувањето на изборите е неопходен следен чекор.

– Одржувањето на изборите (под строги хигиенски стандарди) е неопходен следен чекор. Датумот е одреден согласно законот. Сите партии да се договорат за куса и фер изборна кампања. Тактички препукувања за датуми итн., се штетни за демократијата, наведува Шидер на својот Твитер профил. нд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

Сведоци за пожарот во „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не се појават на рочиште

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења