Шефот на украинската воена разузнавачка служба вели дека војната со Русија „тече толку добро што ќе достигне пресвртна точка до средината на август и ќе заврши до крајот на годината“.
Во интервју за „Скај њуз“, генерал-мајор Кирило Буданов исто така рече дека „во Русија веќе е во тек државен удар за соборување на Владимир Путин и дека рускиот лидер е тешко болен од рак“.
„Скај њуз“ коментира дека Буданов точно предвидел кога ќе се случи руската инвазија, додека другите во неговата влада биле скептични.
„Пресвртната точка ќе биде во вториот дел од август. Поголемиот дел од активните борби ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши територии што ги загубивме, вклучително и Донбас и Крим“. тој рече.
Како што вели, руската тактика не е променета, а Русија трпи огромни загуби. Тој рече дека не е изненаден од неуспесите на Русија во војната.
„Знаеме сè за нашиот непријател. Знаеме за нивните планови во моментот кога ќе ги направат. Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Ние се бориме со Русија веќе осум години и можеме да кажеме дека приказната за моќната руска армија е мит, само орда луѓе со пушки “, заклучи тој.