Утрински Весник
Спорт

Шефот на Лион повторно изрази незадоволство од прекинувањето на Лига 1

Втор пораз за ПСЖ во Лига 1

Лион, 5 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Олимпик Лион го повика судот да ја разгледа и поништи одлуката за завршување на сезоната порано во Франција. Жан-Мишел Ола ја нарече „апсурдна“ одлуката да се стави крај на првенството во Лига 1.

Раководството на Лион го однесе случајот во окружниот суд во обид да ги натера фудбалските власти во земјата да наредат доигрување на преостанатите десет кола во сезоната.

– Апсурдно е Лигата да заврши на овој начин додека другите земји ја завршуваат сезоната. Германија веќе го игра своето првенство и Шпанија ќе започне следната недела. Лигата ја донесе таа одлука, но може да ја откаже. Јас сум шокиран што дискутираме дали да играме фудбал или не, категоричен е Ола пред француските медиуми.

Тој е на мислење дека се уште може да има плеј-оф во сезоната 2019-2020.

– Можеме да тренираме три или четири недели и да го завршиме шампионатот до средината на август. Лион ќе ги продолжи своите активности на 8 јуни и ќе ги следи сите здравствени протоколи одобрени од надлежните, рече претседателот на Олимпик Лион.

Одлуката за суспендирање на Лига 1 е донесена на 30 април, а Пари Сен Жермен повторно стана шампион во Франција. Првенството беше присилно прекинато кон средината на март поради пандемијата „Ковид-19“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот