Утрински Весник
Свет

Шефот на кинеската дипломатија: Веруваме дека Украина ќе донесе правилна одлука

Шефот на кинеската дипломатија: Веруваме дека Украина ќе донесе правилна одлука
Dik 300x250 mk

Кина верува дека Украина има доволно мудрост да избере што ќе биде во интерес на нејзиниот народ и европската безбедност, рече кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

„ Војната сигурно ќе заврши, а потоа најважното прашање ќе биде како да се помогне да се надмине болното искуство и да се обезбеди долгорочна безбедност во Европа“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница, цитирајќи го она што Ји го кажал во телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, пренесува ТАС С.

Според кинескиот политичар, Пекинг е за мирен дијалог меѓу Русија и Украина. Кина го поддржува создавањето на еднаков, ефикасен и одржлив механизам за одржување на безбедноста во Европа, објасни Ји.

Според него, Пекинг не ги остварува своите геополитички интереси користејќи ја војната во Украина, туку има само една цел – мир и ќе продолжи да ги користи своите методи за да ја постигне таа цел, наведува руската агенција.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа