Утрински Весник
Свет

Шефот на израелскиот Совет за населби го нападна Нетанјаху

Шефот на израелскиот Совет за населби го нападна Нетанјаху

Шефот на Јеша-советот за израелски населби и на Регионалниот совет на Јорданската Долина, Давид Елхајани, вчера објави дека се повлекува од владејачката партија Ликуд.

Елхајани за „Инет њуз“ изјави дека ѝ се приклучил на партијата Нова надеж, предводена од израелскиот политичар Гидеон Са’ар, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за уништување на Ликуд и напуштање на принципите на десничарските гласачи.

„Нетанјаху ги мами жителите на Јорданската Долина и не ги исполнува своите ветувања за нејзино присоединување“, додаде тој.

Се вели дека повлекувањето на Елхајани од Ликуд претставува сериозна поделба во партијата, што може да доведе до пад на шансите на Нетанјаху за формирање на следната влада.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шри Ланка воведе неработна среда за да заштеди гориво

Се урна скеле на градилиште во Виена, 4 лица загинаа

Висок американски функционер за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната со Иран