Утрински Весник
Политички Партии

Шефовите на дипломатиите на Полска, Литванија, Летонија и заменик министерот на Естонија во посета на Скопје

Шефовите на дипломатиите на Полска, Литванија, Летонија и заменик министерот на Естонија во посета на Скопје

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, Република Летонија, Едгарс Ринкевич, на Република Литванија, Линас Линкевичиус и заменик министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска и утре се во посета на Република Северна Македонија, во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во рамки на посетата, како што најавија од МНР, за утре е предвидена нивна средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На средбата, Димитров меѓу другото ќе има можност да ги извести соговорниците за наодите на Европската комисија во привремениот извештај од 2 март, во кој се констатира дека Северна Македонија ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во заклучоци од јуни 2018 година, притоа потврдувајќи ја како важечка препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ. цр/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт