Утрински Весник
Спорт

Шефилд Јунајтед го згазија Челси (Видео)

Шефилд Јунајтед го згазија Челси (Видео)
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Челси забележаа убедлив пораз во шефилд (3:0) со што го ја компромитираа позицијата која им обезбедува место во Лигата на шампионите. На поразот на „сините“ најмногу се израдуваа во Лестер и Манчестер Јунајтед. Овие два тима со евентуални победи ќе го турнат Челси на петтата позиција. од друга страна Шефилд Јунајтед го прескокнаа Вулверхемтон на шестото место.

Фудбалерите на Френк Лампард во Шефилд одиграа катастрофален натпревар, особено во одбраната. Челниицте на тимот ќе мора во преодниот рок да донесат квалитетни дефанзивци бидејќи Кристенсен, Зума и Ридигер на моменти делуваа како аматери. Иако имаа посед на топка од речиси 76 отсто не успеаја да создадат сериозна шанса за постигнување на гол.

Од друга страна Шефилд беа цврсти во одбраната и исклучително опасни во контранападите. Херој на домашниот тим беше Мекголдрик кој постигна два гола. Напаѓачот кој малку играше сезонава поради повреда ги постигна првите голови во кариерата во Премиерлигата.

Првиот гол Мекголдрик го постигна во 18 минута, потоа во 33 предноста ја дуплираше Мекбурни, а конечниот резултат Мекголдрик го постави во 77 минута.

До крајот на мечот Челси избегна катастрофа бидејќи играчите на Шефилд не реализираа две чисти шанси.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс