Утрински Весник
Македонија

Шест часа траеше гаснењето на пожарот во поранешната касарна во Струмица

Шест часа траеше гаснењето на пожарот во поранешната касарна во Струмица

Струмица, 29 април 2020 (МИА) – Шест часа струмичките пожарникари го гаснеа големиот пожар што избувна вчера во 17 часот во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица, соопштија од Територијалната против пожарна единица.

-Гореше поранешната командно-штабна зграда со површина од околу 2.000 метри квадратни. Гаснењето беше исклучително тешко поради староста на зградата во која меѓукатните конструкции беа од греди, даски и трски поради кои пожарот се ширеше со голема брзина, стои во известувањето од ТППЕ Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила и 17 пожарникари и две цистерни на ЈПКД „Комуналец“ за доставување на вода.

Дежурни екипи останале на местото на пожарот во текот на ноќта, бидејќи силниот ветер повторно разгорувал дел од опожарените греди.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница. рт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

ОЈО: Организирана група со јасни улоги пренесувала дрога кон Србија, истрага против шест лица