Утрински Весник
Спорт

Шест нови случаи на коронавирус во Фиорентина

Шест нови случаи на коронавирус во Фиорентина

Фиренца, 7 мај 2020 (МИА) – Тројца играчи и тројца вработени во Фиорентина имаат коронавирусот, според официјалната веб-страница на клубот.

Нивните имиња не се соопштени. Сите тие се сместени во услови на самоизолација.

Остатокот од екипата ќе тренира утре како што е закажано, а играчите ќе поминат медицински прегледи и фитнес тестови.

Сè уште не е јасно кога и дали ќе продолжи сезоната во Серија „А“, а надежите се дека тоа ќе биде на крајот на мај или во текот на јуни, но одлуката зависи од италијанската влада.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024