Утрински Весник
Свет

Шест месеци затвор за Австралијка која не ја почитувала мерката за изолација

Шест месеци затвор за Австралијка која не ја почитувала мерката за изолација

Ашер Феј Вандер Санден, 28-годишна Австралијка е казнета со шест месеци затор поради кршење на правилата за самоизолација во земјата, јави Би-би-си.

Девојката минала еден месец во сојузната држава Викторија, тешко погодена од коронавирусот. И било дозволено да се врати дома во Перт во Западна Австралија под услов за 14-дневен карантин во хотел на нејзин трошок.

Но, таа со камион била тајно пренесена до Перт и отишла во куќата на нејзините родители, каде подоцна била уапсена. Во сојузната држава Западна Австралија, кршењето на карантинските правила е строго казниво со затвор до 12 месеци или парична казна од 27.000 фунти.

Адвокатот на Вандер Санден изјавил дека таа патувала во Викторија за да се грижи за својата болна сестра, но дека веќе не можела да издржи таму. Адвокатот објаснил дека кога дошла во куќата на нејзините родители таа била во изолација и дека не била во контакт со никого.

Судијата Ендрју Метјус изјави дека таа сторила „многу опасно дело“ што може да резултира со ширење на вирусот и ја осудил на шест месеци затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме