Утрински Весник
Економија

Шест месеци грејс период за корисниците на кредити во Комерцијална банка

Картичките на Комерцијална може да се користат во трговијата и на дел од банкоматите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Комерцијална банка одобрува грејс период од шест месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за шест месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30. септември годинава без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив.

Ова е понудата на Комерцијална банка за промена на договорните услови на кредитните производи со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.

-Јавната понуда се однесува на сите физички лица-клиенти на Банката кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, кои на 29 февруари.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на сомнителни и спорни побарувања (нефункционални), односно во своето досегашно работење со Банката не доцнеле подолго од 90 дена при отплата на обврските. Сите физички лица на кои се однесува Понудата, ги замолуваме детално да ја разгледаат Понуда на следниот линк и да одлучат дали истата ја прифаќаат или одбиваат:https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2370&lang=1&uc=1.

До Банката треба да се обратат електронски или писмено, исклучиво физичките лица кои ја одбиваат понудата, најдоцна до 9 април до 16.00 часот. За лицата кои ја прифаќаат понудата таа автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со банката.

– Бидејќи оваа криза носи негативни влијанија кои ќе ги погодат сите, Комерцијална банка ќе овозможи олеснувања и за оние клиенти-физички лица кои и пред почетокот на кризата имале проблеми со отплатата на обврските, односно лицата кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик В (нефункционални), Г и Д. Моделот на олеснувања за оваа група клиенти сѐ уште се изработува, а јавноста наскоро ќе биде известена и за тие мерки, стои во соопштеието од Комерцијална банка.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании