Утрински Весник
Свет

Шест лица се повредени во Швајцарија при пад на божиќни украси во трговски центар

Шест лица се повредени во Швајцарија  при пад на божиќни украси во трговски центар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шест лица се повредени на истокот на Швајцарија во трговски центар каде паднале божиќни украси, соопшти локалната полиција.

Полицијата соопшти дека паднале греди на кои биле поставени шарени светилки и други празнични украси.

Инцидентот се случил во гратче во кантонот Швиц, а според локалните медиуми зградата била евакуирана откако украсите паднале.

Медиумите објавија фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат бројни возила на брза помош.

Полицијата соопшти дека сите повредени се пренесени во блиската болница.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп