Утрински Весник
Спорт

Шест лица загинаа во стампедо пред стадионот во Јуанде

Шест лица загинаа во стампедо пред стадионот во Јуанде

Најмалку шест навивачи загинаа во стампедо, пред стадионот во Јуанде, пред почетокот на натпреварот Камерун-Коморски острови во Купот на Африка.

Стампедото се случило кога навивачите се обиделе да влезат на стадионот за да го гледаат натпреварот. Според извори од Камерун уште 40 луѓе се хоспитализирани од кои некои се во критична состојба.

Официјалните лица изјавиле дека капацитетот на стадионот, поради ковид мерките, бил намален за 80 отсто, односно на трибините им било дозволено присуство на 50.000 луѓе.

Камерун, успеа да се пласира во четврт-финалето со победата од 2:1.

> Шест лица загинаа во стампедо пред стадионот во Јуанде <

Можете да прочитате

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари