Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шест кучиња во „Лајка“ чекаат да бидат вдомени

Шест кучиња во „Лајка“ чекаат да бидат вдомени
300x250 opst2

Град Скопје и ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето и да вдомат куче.

Од Град Скопје информираат дека шест кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик.

„Овие шест миленици се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП ‘Лајка’. Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици“, се наведува во соопштението.

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото.

Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации може да се обратат на [email protected] и  на телефонскиот број: 022565859

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија

Средба на министерот Муцунски со министерот за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, Јоаким Странд

Во месец септември уапсени над 100 лица поради поседување на наркотични средства