Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шестмина Саудијци на суд за малтретирање туристка

Шестмина Саудијци на суд за малтретирање туристка
300x250 opst2

Шест млади Саудијци се соочуваат со обвиненија за малтретирање странска туристка, што укажува на загрижувачки феномен во време кога кралството се обидува да ја зајакне својата туристичка индустрија, пренсува „Сауди газет“.

Според саудискиот весник, во обининението против Саудијците се наведува дека тие го опколиле возилото на туристката во населба во главниот град Ријад, а потоа ја малтретирале користејќи непристојни и груби гестови и зборови.

Еден од Саудијците – кои се на возраст од 20-тина години – наводно намерно удрил со своето возило во нејзиниот автомобил и избегал од местото на настанот.

Според информациите од саудиското Јавно обвинителство, момчињата во моментот чекаат судење додека се спроведува истрага за инцидентот, но наводно веќе признале дека се вмешани во кривичното дело.

Во согласност со саудискиот Закон за борба против вознемирувањето, обвиненијата против момчињата вклучуваат  нарушување на јавниот морал, удирање со возило без регистарски таблички и бегство од местото на злосторството. Ако бидат прогласени за виновни, момчињата се соочуваат со затворска казна до 10 години.

Извор од саудиското Јавно обвинителство излезе со тврдење дека саудиските власти имаат за цел строго да ги сузбијат инцидентите со малтретирање, особено врз странските туристи, во време кога кралството вложува максимални напори да го зајакне својот туристички сектор, вложувајќи 4 милијарди американски долари во својот фонд за развој на туризмот минатата година, со амбициозна цел да пречекува до 100 милиони туристи годишно до 2030 година.

Можете да прочитате

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата