Утрински Весник
Македонија

Шестмина пациенти во Бардовци позитивни на коронавирус

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Шестмина пациенти во Психијатриската болница Бардовци се позитивни на коронавирус. Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Алаксандар Стојанов вели дека овие пациенти се единствениот познат кластер на коронавирус во моментов.

„Позитивни се шестмина пациенти. Утрово ги завршивме епидемиолошките анкети. Земени се брисеви од нивните контакти и ставени се во изолација. Овие пациенти се единствениот кластер во моментов. За сите останати новозаразени немаме податоци. Има само едно четиричлено семејство кое кажа дека биле на роденденска прослава. За останатите нема такви податоци, трансмисијата е широко распространета“, вели директорот Стојанов за „Макфакс“.

Вчера, со 445 новозаразени, во Македонија беше регистрирана најголемата дневна бројка на нови случаи на заболени од Ковид – 19. Пациентите од Бардовци се влезени во оваа бројка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта