Утрински Весник
Македонија

Шестгодишно дете и мајка му повредени откако во нив удри возило

Шестгодишно дете и мајка му повредени откако во нив удри возило

Тетово, 27 мај 2020 (МИА) – Шестгодишно дете и неговата 26-годишна мајка се повредени откако во нив удрило возило управувано од 19-годишник, соопшти СВР Тетово. Незгодата се случила вчера околу 14.40 часот на кружниот тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово.

-Патничко возило „опел Корса“ со тетовски регистрски ознаки, управувано од Е.С.(19) од Тетово, удрил во пешаците И.Ш.(26) од Тетово и нејзиниот 6-годишен син. Во незгодата, двајцата пешаци се здобиле со повреди, информира СВР Тетово.

Двајцата повредени биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата

Утре во храмот ,,Света Недела” во Битола – Пречек на моштите на Светата великомаченичка Недела