Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун со топлес-фотографија ги воодушеви фановите

Dik 300x250 mk

Холивудската ветеранка Шерон Стоун за своите следачи на „Инстаграм“ сподели фотографија на која носи само бикини, а стратешки го покрива горниот дел од телото со крпа.

dobivaj vesti na viber

64-годишната актерка максимално го искористи сончевиот ден покрај базенот и во описот на објавата напиша: „Благодарно несовршена во совршен ден“.

Објавата предизвика лавина позитивни коментари од фановите: „Икона“, „Легенда“, „Кралица“, „И како божица им се смее на смртниците“, „Не можам да верувам дека некој може да изгледа толку добро, „Изгледаш убаво, природно убаво“…

„Се обидувам да откријам што е несовршено“, „Тешко е да ги прифатиме нашите тела кога стареат. Ти благодарам што ни покажа дека сме убави, без разлика на возраста или што им направил животот на нашите тела. Сè уште сме убави“, „Ти благодарам што остана реална среде сите лажни фотографии со ‘Фотошоп’“.

Стоун неодамна откри дека доживеала девет спонтани абортуси. „Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба да се справиме сами и дека тоа е некаков неуспех”, рече актерката во една пригода.

Можете да прочитате

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Истражување: ВИ-асистентите погрешно ги претставуваат вестите во половина одговори

Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија