Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун смета дека жените се најмоќни по 40-тата

Шерон Стоун смета дека жените се најмоќни по 40-тата

Холивудската актерка Шерон Стоун ја отфрли идејата дека жените стануваат сè помалку моќни со возраста и смета дека сега е совршено време да се објават нејзините мемоари „Убавината на живеењето по вторпат “.

Магазинот „Пипл“ објави извадоци од интервјуто на Шерон за Опра Винфри, во кое таа вели: „Мислам дека како што старееме, го имаме овој општествен притисок каде луѓето почнуваат да се обидуваат да ни кажат дека нашата вредност е намалена“.

Сепак, холивудската sвезда откри дека ситуацијата ја гледа тотално поинаку. „Мислам дека ова е период во нашиот живот кога нашата вредност највеќе се зголемува.“

“Верувам дека тоа е затоа што тоа е првпат во вашиот живот кога вашата вредност станува многу поголема. Станувате најмоќни од кога и да било дотогаш,“ вели таа во интервјуто.

Шерон Стоун неодамна го прослави својот 63. роденден. Чекорењето во седмата деценија од животот го прави со голема енергија и ентузијазам.

Нејзината книга – мемоари  со наслов The Beauty of Living Twice излегува наскоро, Според првичните впечатоци, книгата не е типична холивудска приказна, туку во неа актерката е брутално искрена за својот живот, кариерата, љубовта, повторното застанување на нозе по болеста и втората шанса за живот.

Шерон доживеа тежок мозочен удар во 2001 година, а закрепнувањето беше долг и макотрпен процес. Таа учела повторно да оди и зборува, и сè останато за да може нормално да функционира самостојно.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци