Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун кршлива но доволно силна да продолжи понатаму бидејќи е преживувач

Шерон Стоун кршлива но доволно силна да продолжи понатаму бидејќи е преживувач

Актерката Шерон Стоун детално ги раскажа успоните и падовите на својот живот во автобиографија што содржи повеќе драма од холивудските трилери по кои е позната.

Насловот на книгата, The Beauty of Living Twice, се однесува на втората шанса што ја доби по мозочниот удар и крварење во мозокот во 2001 година.

Во мемоарите се потсетува и на нејзините рани години во Пенсилванија, на односот на родителите кон неа, открива дека понекогаш ја тепале. Книгата изобилува со шокантни откритија. Меѓу другото, дека таа и сестра ѝ Кели биле силувани од нивниот дедо кога биле девојчиња.

Во 2001 и’ била направена операција за отстранување на бенигнен тумор на градите.  Нејзиниот доктор  ѝ ги зголемил градите без нејзина дозвола и знаење, мислејќи дека така ќе изгледа подобро.

Споменува бројни негативни искуства со холивудските моќници, а за контроверзниот режисер Вуди Ален вели дека е исклучителен професионалец со кој имала позитивно искуство.

Во 90-тите, таа стана една од најголемите холивудски ssвезди благодарение на улогите во филмови како Total Recall, Basic Instinct и Casino.

Книгата, објавена во Велика Британија во четвртокот, открива цврст преживувач зад имиџот на гламурозна филмска sвезда.

Стоун се здоби со статус на фетална жена, femme fatale, со трилерот „Основен инстинкт“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста