Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун, за разлика од Мајкл Даглас, заработила малку пари од „Ниски страсти“

Шерон Стоун, за разлика од Мајкл Даглас, заработила малку пари од „Ниски страсти“

Поминаа речиси 30 години откако Шерон Стоун ја имаше својата пробивна улога во трилерот „Ниски страсти“ (1992), што ја вивна во ѕвездите, но не ја направи богата.

Во интервју за „Си-би-ес“, 63-годишната актерка говореше за својата книга мемоари „Убавината на живеењето по втор пат“, објавена кон крајот на март.

Во интервјуто таа откри дека „Основен инстинкт“ ја направи sвезда преку ноќ, иако заработила многу малку од улогата, за разлика од Мајкл Даглас.

„Јас не бев платена да го снимам тој филм. Добив малку пари. Мајкл заработи 14 милиони долари. Не заработив доволно ниту за да го купам фустанот за да одам на „Оскарите“ следната година. Бев во чудна неизвесност каде одеднаш станав славна, но немав пари “, рече Стоун.

Можете да прочитате

Како да знаете дека сте добар родител?

Три хороскопски знаци со природна радост

Чоколадото ќе исчезне до 2050 година