Утрински Весник
Магазин

Шерон Озборн се извини дека застанала во одбрана на Пирс Морган

Шерон Озборн се извини дека застанала во одбрана на Пирс Морган

Шерон Озборн јавно го поддржа својот пријател Пирс Морган откако тој се откажа од „Добро утро Британија“ поради одбивањето да ѝ се извини на Меган Маркл за навредливите коментари.

А сега, таа се огласи на Твитер со извинување за нејзината поддршка за Морган, а ваквото извинување некои британски веснци го оквалификуваа како понизно и грозно.

Пирс Морган, ѕвездата на Good Morning Britain, ја напушти својата улога на водител во изминатите пет години откако рече дека не ѝ верува ниту збор на Меган Маркл, алудирајќи на нејзиното тврдење во интервјуто со Опра Винфри дека помислувала на самоубиство.

Во екот на бурата, неговата пријателка Шерон (68) се појави во американското ток-шоу The Talk и рече: „Се чувствувам како да ќе ме стават на електричен стол затоа што имам пријател за кој многумина мислат дека е расист , па тоа ме прави и мене расист.“

Сепак, таа подоцна се огласи на Твитер со извинување.

Шерон, која е во брак со рок-легендата Ози Озборн речиси 40 години, напиша: „Отсекогаш сум бил прифатена со толку многу љубов и поддршка од афроамериканската заедница и имам длабока почит и љубов кон нив.“

„На сите афроамериканци што го навредив и оние што се чувствуваат збунети или изневерени од она што го реков, навистина ми е жал.“

„Испаничив, се чувствував заслепена, застанав во одбрана и дозволив да преовлада стравот од обвинувања дека сум расист“.

По избувнувањето на Пирс, што предизвика повеќе од 41.000 поплаки до британскиот регулатор за комуникации „Офком“, Шерон беше меѓу првите кои застанаа во негова одбрана.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста