Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: 14 години Александар Николоски ветуваше решение за водоснабдувањето во неговиот роден крај – проблемот го решивме ние

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 – Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје, каде истакна дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување.

„ Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје но и на Слатински чифлик.

После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата.

Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.

Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани“ рече Шекеринска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон