Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Ќе расте гласот против блокадата за Северна Македонија во ЕУ

Шекеринска: Ќе расте гласот против блокадата за Северна Македонија во ЕУ
Dik 300x250 mk

Гласот против блокадата ќе расте, а со добри решенија ќе ги демантираме и најголемите скептици, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, коментирајќи го бугарското вето за почетокот на преговорите.

Министерката нагласи дека последниве месеци критиките се посилни во другите европски градови отколку што е разочарувањето и критиките што доаѓаат од кај нас. Додаде дека во билатералните спорови важно е што ќе направат и двете страни.

„Попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех. Станавме членка на НАТО, работиме на реформите, но и натаму ќе носиме паметни одлуки и вистински политики. Не само за да ѝ покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку дека нашите граѓани се Европејци и дека очекуваат од нас европски стандарди“, рече Шекеринска.

Бугарскиот претседател Румен Радев, вчера во Брисел, призна дека Бугарија била под притисок, но го издржала и успеале да издејствуваат прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од агендата на Самитот.

 

Можете да прочитате

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ

Тетовец со нож им се заканувал барајќи пари на родителите кои ги избркал од дома

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall