Утрински Весник
Македонија

Шекеринска ќе присуствува на промоција на новите униформи на Армијата

Шекеринска ќе присуствува на промоција на новите униформи на Армијата

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата.

Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава.

Армијата неодамна доби нови униформи, вкупно 9.100 комплети палта и пантолони.

– Со новите армиски униформи се заокружува пакетот мерки преземени од министерката Шекеринска за надминување на затекнатата состојба во Армијата со дотраена војничка и борбена опрема, ниски плати, селективна исплата на закупнина за стан, укинати дневници за дежурство, неповолни услови за пензионирање и недоволен буџет во одбраната за одржување на функцијата на Армијата, велат од Министерството за одбрана. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во напредна фаза е истрагата против убиецот на 78 годишната старица

Поради возење без возачка во Кичево одземено „Ауди“

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија