Утрински Весник
Македонија

Шекеринска ќе ги посети армиските припадници кои помагаат по невремето во Брајчино

Министерката Шекеринска во посета на полигонот „Криволак“

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата кои им помагаат на локалните институции во расчистување на последиците од невреме во преспанското село Брајчино.

Ангажирањето на армиските припадници е на молба на градоначалникот на општина Ресен бидејќи локалните институции имаат потреба од асистенција и механизација од Армијата со цел да му се помогне на населението во санирањето на последиците од невремето. Припадниците на Армијата ќе помагаат во Брајчино до крајот на овој месец, соопшти МО.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола