Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина

Реакција од Министерството за одбрана на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 22 февруари 2020

ВМРО ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа. Не можеа да најдат никаква забелешка на постапката. Не можеа да кажат дека е во четири очи. Не можеа да скријат дека имало конкуренција и наддавање. Не можеа да објаснат зошто 11 години ја запоставиле Армијата без ниту една инжинериска машина. И уште добија најдиректен демант дека купената машина воопшто не е иста како таа со која споредуваат.

Трет ден ќе им повториме – се работи за различна машина. Споредувате неспоредливо за да ја покриете својата неспособност. Ако имало поефтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна.

И затоа им остана да продолжат да лажат. Очигледно членството во НАТО кое не успеаа да го попречат многу ги боли. Како што ги болат повисоките плати и пензии во Армијата, исплатените станарина и дневници кои ги ветуваа а никогаш не ги остварија. Ги боли очигледната разлика и вниманието од државата кое припадниците на Армијата за прв пат го почувствуваа и на последниот оглас за прием на војници се пријавија десет пати повеќе кандидати.

Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина!

Министерство за одбрана

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени