Утрински Весник
Македонија

Шекеринска од Ростуше: Вложувањето во инфраструктурата е влог во нашата иднина

Шекеринска од Ростуше: Вложувањето во инфраструктурата е влог во нашата иднина

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) –  Вицепремиерјата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на Општина Маврово-Ростуше, каде што посети неколку објекти.

– Во една релативно мала општина со скромни финансиски капацитети, да видите реновирана фасада во училиште училиште и болница и да видите сосема нова општинска зграда изградена по најсовремени стандарди навистина е реткост. Ги посетивме и неколкуте патни правци кои се целосно реконструирани или се реконструираат и можам да кажам дека општината во изминативе нецели три години направи мало чудо. Користејќи свои локални средства но и владини и странски донации да ги стави во функција на локален развој, рече Шекеринска.

Таа истакна дека наследиле држава која била руинирана и во која парите на граѓаните се трошеле на музеи, барокни фасади и споменици.

 

-Пред три години наследивме држава која беше руинирана и затоа беа руинирани и болниците и училиштата и општинските објекти. Оваа политика ја сменивме од корен и во изминативе три години успеавме да вложиме една милијарда евра. Нашиот план е во следните четири години таа бројка да ја дуплираме и да вложиме таму каде што е најпотребно, цели две милијарди евра, истакна Шекеринска.

Посочи дека и за време на коронакризата, продолжуваат реализациите на капиталните инвестиции.
-Затоа сме сигурни дека инвестициите во граѓаните, образованието и во здравството се клучни во ситуација на криза. Токму оваа криза ни покажа колку е важно да инвестираме во суштинските области во државните капацитети. Тие се тие на кои можеме да се потпреме во криза, оцени таа.
Потсети дека во изминатите три години е заокружено и членството во НАТО, додавајќи дека нашата држава не се грижи дали ќе опстои и оти денес се инвестира во нашиот напредок и прогрес.
– Тоа беше затоа што носевме паметни одлуки и инвестиравме во иднината. Сакам да му честитам на градоначалникот затоа што вложиле за да го направат својот крај поубав. За да задржат што е можно повеќе луѓе дома. Ова се местата и ова се пределите во кои како држава треба најмногу да инвестираме. Не можеме да очекуваме успешен туризам ако немаме добар пат, добро здравство и добра инфраструктура. Така ќе продолжиме и во иднина да го развиваме Реканскиот крај, заклучи Шекеринска по посетата на Општина Маврово-Ростуше. нд/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа