Утрински Весник
Македонија

Шекеринска од ГП Белановце: Армиските мобилни контроли водат сметка да ни е сигурна државната граница

Шекеринска од ГП Белановце: Армиските мобилни контроли водат сметка да ни е сигурна државната граница

Куманово, 3 април 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети кумановската касарна „Боро Менков“, а потоа и граничниот премин Белановце.

При средбата со припадниците на Армијата, таа рече дека тука е за да им изрази поддршка и благодарност на припадниците на Армијата кои во овој период на вонредна состојба целосно ја преземаа контролата на државната граница од МВР и на граничните премини им се поддршка на полициските службеници.

Според министерката, со ова се дава можност на полицијата многу повеќе да се сконцентрира на спроведување на мерките за претпазливост и сигурноста во вонредната состојба предизвикана од корона вирусот.

Таа им се заблагодари им го честиташе ангажманот истакнувајќи дека најголемиот дел од нив се на смени коишто се на 12 или 14 часа и додаде дека некои од нив тие што се во Дебар и Центар Жупа, се повеќе од две недели одвоени од своите семејства и се фокусирани исклучиво на нивната армиска задача и тоа покажува дека навистина Армијата во овие вонердни околности функционира ефикасно.

-Вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО Алијансата покажа дека сите армии на НАТО земјите членки и Алијансата веќе се постројуваат да функционираат во вакви околности и НАТО под раководство на еден од своите команданти ќе има бројни операции во поддршка на сојузниците на членките на Алијансата  и ние како држава веќе почнавме да го користиме инструментот  на поддршка на цивилни кризи од страна на Алијансата. Очекуваме и многу зголемена соработка со армиите и центарот на НАТО алијансата. Разговорите што ги имаме со моите колеги од Гемранија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора сите ги споредивме искуствата коишто ги имаме добиено. Членството во НАТО ни даде шанса да ги искористиме сите овие инструменти, но ни даде шанса заедно со другите армии  и одбранбени системи да обезбедиме повеќе инструменти за заштита на здравјето и сигурноста на нашите граѓани, изјави Шекеринска.

На заедничкиот премин помеѓу РСМ и Косово кој е дел од поддршката  на ЕУ  може да се види што значи да се биде дел од развиениот свет, можност да се има подобра гранична контрола подобри услови на полициските, а сега на армиските припадници што и дава шанса на полицијата и на Армијата навистина да соработуваат на квалитетен начин.

-Додека ние сме тука на граничниот премин армиските мобилни контроли оперираат во целиот овој регион и водат сметка првин да ни е сигурна државната граница да имаме контрола на секоја педа  од нашата територија и најважно од се да не се дозволи во услови на една вонредна состојба некоја друга кризна состојба како што беше со мигрантите да не изненади во најлош момент, изјави Шекеринска изразувјаќи благодарност до припандиците на Армијата што секогаш во добри и лоши моменти се на располагање. ам/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава