Скопје, 8 март 2020
Шекеринска: Денеска, на 8 ми март стоиме пред вас и со гордост навистина можеме да кажеме дека заложбите коишто ги поставивме пред нас,пред повеќе години а коишто имаат за цел да ја подобрат положбата на жените во нашето општество да ги заштитат правата на жените, навистина ги остваруваме ги остваруваме.
Низ мерките и политиките коишто ги спроведувавме како политичка партија, но особено како Влада покажавме дека можеме да градиме фер и праведно општество коешто ќе се базира на еднакви права помеѓу мажите и жените.
Заев: Она што е наша обврска е да создадеме услови во кои секоја една и секој еден ќе може да ги исполнуват севкупно сите своите капацитети. Да создадеме држава во која секому му се гарантирани сите права и слободи. Еднаквост, заштита од дискриминација, право на слободен избор… за секоја една жена, секој еден маж да може да ги оствари своите потенцијали.
За родова еднаквост треба да се зборува и делува секој ден, и тоа и го правиме. Но денеска, сите треба да сме уште погласни, на овој ден кога се одбележува борбата за социјална, економска, културна и политичка рамноправност на жените.
Шекеринска: Пред повеќе години кога бевме избрани за претседател на СДСМ и за заменик претседателка на СДСМ, многумина мислеа дека е тоа ПР потез, дека тоа ќе биде порака којашто нема да значи и содржина, која нема да значи промена во политиките. Меѓутоа покажавме дека тоа навистина се вредности во коишто веруваме и идеали и принципи коишто ги почитуваме, и токму поради тоа денеска го имаме најголемиот број на пратенички во нашето собрание. Најистакнати и најголем број на жени на позиции во извршната власт, но и политики коишто значат промена на односот кон жените во општеството. Помалку од три години СДСМ ги предводи и Владата и институциите. За тој период освен што покажавме дека имаме храброст, визија но и одлучност да ги решаваме неколку децениски проблеми во државата, покажавме и дека сме силно посветени на заштита и унапредување на правата на жените,не со зборови и не само на 8 март. Дека силно сме посветени на зајакнување на економската независност на жената и унапредување на родовата застапеност на секое ниво.
Една од нашите први мерки беше да го промениме досегашниот систем на минимални плати. Минималната плата за работниците и работничките во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, пришто најголем број беа работнички ја подигнавме од 9.000 на 12.000 денари и ја израмнивме со минималната плата во другите дејности. Ова беше мерка кој влијаеше дирекно на подигнување на животниот стандарт на десетици илјади жени доминантно присутни во тој сектор.
Денес, веќе со новите зголемувања на минималната плата над 90.000 граѓаники и граѓани, добиваат минималната плата од 14.500 денари. Што е покачување повисоко од 50 проценти печиси 60 проценти во споредба со 2017 година. Тоа се дополнителни 5.500 денари за секој работник и работничка, којшто живее од таа плата.
Го вративме и правото на жената самостојно да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.Покажавме дека конзервативните политики навистина носат само проблеми за жените во било кое па и во нашето општество. Затоа го донесовме новиот Закон за прекин на бременоста усогласен со европските стандарди и го сменивме рестриктивниот закон претходно донесен и покрај сите критики и покрај сите протести од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Приоритет во последниве три години ни беше да се бориме против насилство врз жените, се бориме против насилството во домот. Затоа, ја ратификувавме после години одлагање Истанбулската конвенција и го донесовме Националниот план за нејзина имплементација.
Токму парламентарното мнозинство предводено на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција.
Се грижиме навистина и за жртвите на семејното насилство и затоа не само со закон туку со отварање на 16 нови сервиси за жртвите на родово-базирано насилство, коишто се рамномерно распределени во различни делови на државата се трудиме навистина да ставиме крај на тој циклус на насилство но во исто време да ги заштитиме жртвите. Инвестираме во 43 градинки со коишто бројот на деца згрижени во установите за предучилишен развој го зголемивме и зголемуваме за 3500 деца, на тој начин им даваме повеќе шанси на жените на мајките да работат и да се грижат во исто време за своите семејства заедно со татковците.
Ги ослободивме самохраните родители, од кои најголемиот дел и се жени од партиципација во детските градинки.
Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток на децата им се исплаќа на мајките.
Работевме многу да се зголеми присуството на жените на пазарот на трудот. Само во 2019 година над 52 проценти од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени.
Сериозно ги зголемивме платите на вработените во детските градинки.
Обезбедивме и неповратни средства за бизниси за жени претприемачки од рурални средини. Нешто што беше сосема заборавено во минатото.
За првпат и во одбраната донесовме Упатство за справување со вознемирување на работно место, вклучително и сексуално вознемирување и воспоставивме 35 родови советници коишто ќе им помагаат на жените во армијата и во одбраната да се справат со оваа опаснст.
Донесовме нов, европски Закон за спречување и заштита од дискриминација за силна и навистина ефикасна броба против секаков вид на дискриминација, не само против жените, туку и против сите оние делови од нашето општество којшто се чувствуваат и се активно или невидливо дискриминирани.
Ова се само дел од преземените чекори коишто ја отсликуваат нашата грижа за граѓаните, но и нашата грижа за жените. Денес, кога овие мерки даваат видливи резултати, уште повеќе сме мотивирани да продолжиме понатаму да бидеме храбри и да бидеме праведни.
Продолжуваме со храбри политики, политики коишто ќе се базираат на еднаквост, а не дискриминација.
Градиме едно општество за сите, што подразбира и општество коешто на жените исто така ќе им го дава правото на живот базиран на еднаквост, на недискриминација на шанси за професионален и за личен развој.
Во следниот мандат токму ова ќе биде еден од нашите големи фокуси коишто не прави различни и коишто не прави не само похрабри, туку да бидеме на вистинската страна на историјата.
Заев: Во следниот мандат уште позасилено ќе работиме на мерките и политиките што даваат резултат во унапредувањето на човековите права и правата на жените.
Остануваме посветени на градење на едно општество на еднакви можности.
Ако сме еднакви тогаш да бидеме еднакви секаде. И во парламентот и во институциите и во бизнисите и на работните места.
Само така ќе негуваме фер општество на целосна еднаквост меѓу мажите и жените.
СДСМ веќе на дело покажува што значи целосен паритет во политиката. Во нашиот Извршен Одбор за првпат има повеќе жени отколку мажи, што не прави единствена таква партија во државата.
И не застануваме тука.
СДСМ на овие избори за првпат ќе настапи со понуда 50-50, целосна еднаквост на жени и мажи на пратеничките листи, а потоа и на листите за советници или советнички на локалните избори.
Обезбедуваме 40% застапеност на жени на сите извршни функции кои се именуваат од страна на Владата.
Ваквиот концепт не е само концепт на обични бројки и проценти. Тоа е концепт на суштински квалитет, на нови стандарди во политичкото делување, пример за останатите партии но и пример за институциите, организациите, бизнисот.
Трудот е труд и мора исто да се вреднува. И кај жените и кај мажите. Затоа следува пресврт, следува целосна еднаквост.
Еднакви права за жените и мажите. Еднакви плати за жените и мажите на исти работни позиции. Еднакви обврски за жените и мажите.
Во новата програма предвидуваме мерки кои обезбедуваат еднакви можности за сите!
Обезбедуваме неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање на сопствен бизнис, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.
Нудиме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација жените ќе ги поттикнуваме да земат активно учество во економските токови на државата.
Отвораме три центри за поддршка на социјални претпријатија.
Овозможуваме намалување на работното време за повозрасните работници: Жени работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа и да ја задржат целата плата до пензија.
Преку системско регулирање на финансиската поддршка на жените земјоделки ќе поттикнуваме активно вклучување на македонската рурална жена во креирање и реализирање на земјоделското производство.
Со финансиска поддршка ќе ги заштитиме економските, социјалните и културните интереси на руралната жена. Секоја година ќе ја зголемуваме поддршката на жените земјоделки за 20% до максимална висина од 600 илјади денари.
Активно работиме на родовата перспектива преку зголемување на бројот на жените во одбраната.
Но, продолжуваме да вложуваме заедно со единиците на локалната самоуправа во отворање на сервиси за заштита на жртвите од сите облици на родово базирано насилство во секоја општина на територијата на државата.
На годишно ниво, по 10 нови сервиси ќе бидат воспоставени, рамномерно во сите плански региони.
Нулта толеранција кон сите форми на дискриминација врз жените!
Затоа, ќе донесеме програма за реинтеграција на жени жртви на насилство во која ќе се вклучени модели за привремено домување, психичко советување со менторство, различни видови на финансиска помош специфично наменети за жени жртви на насилство.
Воспоставуваме систем за следење и спроведување на привремените мерки на заштита на жени и деца жртви на насилство, а останатата законска регулатива ќе ја усогласиме со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
За поголема грижа за здравјето на жените, воведуваме мобилни гинеколошки клиники во руралните средини и помалите општини кои немаат гинеколози.
Вклучуваме мобилни, поливалентни тимови во склоп на патронажните служби за едукација и превенција на здравјето на жените; ќе обезбедиме пристап до лабораториски анализи, ПАП тестови, проверка на крвен притсок и Е-Ка-Ге во склоп на мобилните тимови.
Обезбедуваме задолжителен бесплатен здравствен пакет за жени над 35 години, кој вклучува гинеколошки преглед и мамографија.
Воведуваме родова еднаквост во спортот, 30 отсто жени во органи на управување почнувајќи од 2020 година, а 50 проценти до 2024 година. Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно на машки и женски спортски клубови и или репрезентација.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема да престане да се залага за идејата за рамноправно општество.
За држава која се грижи за сите!
Одговорноста е на секој од нас. Жени и мажи.
Нема да застанеме се додека целосно не го искорениме насилството врз жените без разлика каков е неговиот облик.
Нема да застанеме се додека не постигнеме целосна еднаквост на пазарот на труд.
За родово еднакво општество!
Продолжуваме заедно. Заедно, затоа што можеме. Можеме уште подобро и уште повеќе.
Честит 8ми март на сите дами во нашата земја!
Заедничка прес- конференција – Зоран Заев, претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.