Утрински Весник
Спорт

Шеикот Мансур наредил: Донесете го Мбапе во Сити по било која цена!

Шеикот Мансур наредил: Донесете го Мбапе во Сити по било која цена!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Газдата на Манчестер сити, Шеик Мансур дал зелено светло по „било која цена“ клубот следното лето да го донесе Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен, со што би се решил проблемот на напаѓачи на Сити, и во исто време би се упатил удар кон блискоисточните ривали.

Реал Мадрид се први фаворити за потписот на Мбапе кога ќе му заврши договорот следното лето, откако ова лето имаа понуда од дури 200 милиони евра која беше одбиена од ПСЖ, кои се надеваат дека ќе го убедат да остане на „Паркот на принцовите“.

22-годишниот Мбапе ќе може да преговара со клубови кои се заинтересирани да го донесат веќе од јануари, кога ќе може да потпише и пред-договор. Сити, од друга страна, не успеа да се договори со Тотенхем за трансферот на Хери Кејн ова лето, откако лондонскиот клуб бараше 160 милиони фунти.

> Шеикот Мансур наредил: Донесете го Мбапе во Сити по било која цена! <

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност