Утрински Весник
Спорт

Шевченко ја составил листата на засилувања

Шевченко ја составил листата на засилувања
Dik 300x250 mk

Џенова до крајот на сезоната ќе води жестока борба за опстанок во Серија А. Тимот од „Луиџи Ферарис“, освои само 11 поени во првите 18.натпревари, што е доволно за 18.место на табелата.

Смената на тренерот и доаѓањето на Андриј Шевченко, не донесе никакви промени, кога се во прашање резултатите на „грифоните“.

Шевченко, смета дека тимот мора да се засили за да избори опстанок.

Доставил и конкретна листа на засилувања. Украинскиот тренер побарал тројца играчи, кои во Џенова би дошле на позајмица и еден кого ќе се обиде да го донесе по завршувањето на сезоната.

Прв пик на Шевченко е Миралем Пјаниќ. 31-годишниот фудбалер е опција за Џенова по завршувањето на сезоната кога ќе му заврши позајмицата во Бешикташ. Јасно е дека тој нема да се врати во Бсрселона. Пробле за клубот претставува плата на Пјаниќ, која изнесува 6.000.000 евра.

Кога станува збор за зимскиот преоден рок, Шевченко ќе преговара за позајмица на Андриј Јармоленко, Матијас Весино и Саму Кастиљехо.

> Шевченко ја составил листата на засилувања <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата