Утрински Весник
Свет

Швеѓаните повикани да работат од дома до 2021 година

Швеѓаните повикани да работат од дома до 2021 година

За разлика од другите европски земји, Шведска не наметна карантин на своето население. Кафулињата, баровите и рестораните се отворени сиве месеци додека трае здравствената криза.

Шведска, која привлече внимание со благата стратегија во борбата против коронавирусот, повика на работа од дома барем до Нова година, бидејќи повеќе од 80.000 луѓе биле заразени со вирусот во земјата.

Мерката има за цел да го намали бројот на лица во јавниот превоз, бидејќи властите регистрирале зголемен број контакти меѓу луѓето, што претставува голем ризик од натамошно ширење на вирусот за време на есента.

Од избувнувањето се регистрирани повеќе од 80.100 луѓе во Шведска, од кои 318 во последните 24 часа. Во таа земја починале 5.739 луѓе.

Властите веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни на долг рок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД