Утрински Весник
Свет

Шведското здравство бара од владата да не ги олеснува мерките против Ковид-19

Шведското здравство бара од владата да не ги олеснува мерките против Ковид-19
Dik 300x250 mk

Шведската здравствена агенција побара од владата да го одложи за речиси еден месец планираното олеснување на некои ограничувања насочени кон забавување на ширењето на Ковид-19, бидејќи земјата се соочува со трет бран на вирусот.

Шведската агенција претходно предложи некои ограничувања, како ограничување на бројот на посетители на забавни паркови, концерти и фудбалски натпревари на само осум лица, да бидат укинати од 11 април, пренесува „Ројтерс“.

„Ширењето на Ковид-19 се забрзува, што резултира со зголемен товар на здравствената заштита“, се наведува во новото соопштение на здравствената агенција.

Затоа, шведската агенција за јавно здравје предлага датумот кога одредени активности би можеле да се отворат, да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со заразата да се подобри – се додава во соопштението.

Шведска во голема мера се потпираше на доброволни мерки за забавување на пандемијата, но постепено ги зголеми ограничувањата откако стапката на зараза се забрза кон крајот на минатата година.

Можете да прочитате

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес