Утрински Весник
Свет

Шведскиот премиер во самоизолација

Шведскиот премиер во самоизолација

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, објави дека е во самоизолација откако дознал дека нему блиско лице имало контакт со лице за кое подоцна било потврдено дека e позитивно на коронавирус.

Лофвен рече дека нему блиско лице, чиј идентитет не е откриен, отишло на тестирање и дека тоа е негативно, но дека тој и неговата сопруга, по совет на лекар, ќе бидат во самоизолација.

„Работам од далечина. Се чувствуваме добро и немаме никакви симптоми”, напиша тој на „Фејсбук“.

Тој и неговата сопруга ќе бидат тестирани за коронавирус што е можно поскоро, додаде тој.

Во Шведска, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, потврдени се 134.532 случаи на коронавирус и скоро 6.000 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц со Aл-Шара во Берлин – политичката транзиција и враќањето на мигрантите во фокус

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Сирија и Ирак запленија 2,5 милиони таблети Каптагон