Утрински Весник
Свет

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

Dik 300x250 mk

Шведскиот министер за финансии рече дека иако одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор поради војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Микаел Дамберг изјавил за Си-Ен-Ен дека руската инвазија на Украина ги поттикна луѓето да размислуваат дали тие ќе бидат следната цел.

„Мораме да се браниме, а тоа го правиме подобро заедно со другите европски и американски партнери. Досега сè помина добро и очекуваме дека сите земји ќе ги пречекаат Шведска и Финска како членки на НАТО“, додал тој.

Дамберг ја коментирал и економската состојба во Шведска и кажал дека не е сигурен како ќе се движи економскиот раст во следните неколку месеци.

„Луѓето се подготвуваат за потешки времиња“, изјавил Дамберг, додека инфлацијата во Шведска е највисока во последните 30 години.

„Гледаме дека вториот квартал ќе биде доста добар кога станува збор за растот, но ако погледнеме понатаму, мислиме дека ќе забави. Ќе бидеме погодени од Европа, војната и германската економија“, додал тој.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија