Утрински Весник
Спорт

Шведскиот АИК повторно со еден од најубавите дресови во фудбалот

Шведскиот АИК повторно со еден од најубавите дресови во фудбалот
Dik 300x250 mk

Шведскиот фудбалски клуб, АИК Стокхолм последните неколку години обрнуваат неверојатно внимание на дизајнирањето на нивите дресови, но сега се „надминаа“ со „кралската едиција“ во соработка со „Најк“ и инспирирана од боите на нивниот грб.

Ова ќе биде еден од најретките ниви дресови, бидејќи од 25 февруари ќе се пуштат во продажба само 131 копии по цена од 105 евра и сите средства ќе одат кон „Стадиум спортски камп“, добротворна организација за давање пристап на спортот на младите деца.

„Иницијативата е да се донира приходот од дресот за засилување на нашата заедица и да се испочитува нашата традиција за помош на децата во ранливи ситуации“, велат од клубот.

„Кралската“ тема е избрана поради желбата нивите фанови да бидат третирани како кралеви и кралици, но е и посочување на историјата, бидејќи тимот кој е формиран во 1891 и има 12 титули во Шведска во минатото имал и навивачи од шведското кралско семејство.

> Шведскиот АИК повторно со еден од најубавите дресови во фудбалот <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони