Утрински Весник
Свет

Шведска со одговор на заканата од Русија: Подготвени сме

Финска вчера го направи првиот ицофијален чекор кон НАТО, а следен се очекува да биде Шведска. Министерката за надворешни работи Ен Линде рече дека членството на нејзината земја во НАТО ќе има стабилизирачки ефект, ќе има корист за земјите околу Балтичкото Море и ќе има ефект на спречување конфликти во северна Европа, пишуваат медиумите.

Според нивните извештаи, кои сè уште не се потврдени од шведските власти, земјата би можела да поднесе барање за членство во НАТО в понеделник.

„Доколку Шведска одлучи да бара членство во НАТО, постои ризик од реакција на Русија. Дозволете ми да кажам дека во тој случај ние сме подготвени да се справиме со секој контра одговор“, изјавил министерот за одбрана, Петер Хултквист.

Можете да прочитате

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема

Третина од британските пратеници го повикуваат премиерот Стармер да признае палестинска држава

Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало