Утрински Весник
Свет

Шведска сепак воведува мерки против коронавирусот

Шведска сепак воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат на сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти.

Минималното растојание од еден метар меѓу столовите, кое претходно важеше како препорака за баровите, кафулињата и рестораните, од денес ќе стане правило, а локалните власти ќе имаат право да ги затворат објектите во кои нема да се почитуваат овие мерки.

Шведскиот институт за јавно здравје досега апелираше на угостителите да поттикнат почитување на мерката за физичка дистанца со цел заштита од коронавирусот, но, локалните власти од сега ќе можат да ги затворат оние објекти во кои овие мерки нема да се почитуваат.

Властите во Шведска се обвинуваа за давање неконзистентни препораки во поглед на физичката дистанца.

Некои угостителски објекти ги почитуваа претходната препорака за минимални два метри дистанца , додека некои беа обвинети дека не се обидуваат доволно за да обезбедат растојание, кое пружа заштита од пренесување на вирусот.

Инспекторите во претходните проверки во повеќе градови во земјата утврдиле пропусти во околу 40 угостителски објекти и побарале нивно привремено затворање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус