Утрински Весник
Свет

Шведска на 16 мај ќе поднесе барање за влез во НАТО

Шведска планира да поднесе барање за членство во НАТО в понеделник на 16 мај, објавија локалните медиуми.

Весникот „Експрес“ ja објави веста врз основа на календарот за работа на шведскиот парламент.

„ Премиерот в понеделник ќе свика владина седница на која ќе се донесе историска одлука. Веднаш по средбата ќе биде поднесена апликација за членство во НАТО, доколку не се случи нешто непредвидено“, пишува весникот.

За понеделник веќе е свикана вонредна седница на парламентот, се наведува во написот.

Исто така, се посочува дека шведската влада в петок ќе објави извештај за безбедноста по почетокот на руската воена операција во Украина, а партијата на премиерот, социјалдемократите, ќе го изнесе својот став за членството во Алијансата на Недела, наведува весникот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.

Можете да прочитате

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија

Берлин сака да ја зајакне цивилната одбрана, ги повикува Германците да се подготват за криза

Петмина повредени на шестата трка со бикови во Памплона