Утрински Весник
Свет

Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.

Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.

Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.

„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.

Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд