Утрински Весник
Спорт

Швајцарски комичар го навреди Ѓоковиќ: Високо рангирани Срби се извинуваат само во Хаг

Швајцарски комичар го навреди Ѓоковиќ: Високо рангирани Срби се извинуваат само во Хаг
Dik 300x250 mk

Швајцарскиот комичар Штефан Бусер наиде на осуда и критики во европските медиуми поради непримерните зборови што ги упатил кон најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во разговор со Михаел Швајцер и Арон Херц темата на неговата емисија била Адрија турнејата и тенисерите кои се заразија со коронавирусот.

Бусер тенисерите ги обвинил за ширењето на вирусот во многу земји истакнувајќи дека никој од нив јавно не се извинил поради тоа.

„Познато е дека Србите од висок ранг се извинуваат само во Хаг“, рекол Бусер. Оваа негова изјава ја осудија европските медиуми.

Изјавата на комичарот не е политички коректна и поради фактот дека сите тенисери кои се заразија на Адрија турнејата веднаш јавно се извинија поради своите постапки.

„Имајќи во предвид дека нападна цел еден народ на кој му припаѓа светскиот број 1, тој предизвика гнев кај Србите кои покренаа интернет петиција и бараат комичарот кривично да одговара. На Бусер му е јасно дека згрешил и веднаш се извини. Објасни дека критиките биле упатени само кон Новак Ѓоковиќ и останатите учесници на турнирот, а дека немал намера да ги критикува сите Срби“, пишува порталот „sportskeeda.com“.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026