Утрински Весник
Македонија

Швајцарска донација за дел од жителите од ромска националност во Делчево

Швајцарска донација за дел од жителите од ромска националност во Делчево
Dik 300x250 mk

Делчево, 4 април 2020 (МИА) – Семејства од ранливите категории од ромаска националност во Делчево денеска добија донација од хумани граѓани од Швајцарија. Помошта, како што информираше делчевецот Сердан Мемедов  беше доделена на најзагрозената категорија граѓани од ромска националност.

-Денеска сме овде благодарение на нашиот пријател од Швајцарија кој реши да помогне на наши Роми. Во сорабтока со стовариште Манов набавени се околу 40 вреќи брашно кои ќе ги поделиме на семејства на кои најмногу им се потребни во ова време на криза. Благодарност до нашиот пријател за овој вреден за почит гест, рече Мемедов.

Благодарност за донацијата изразија и семејствата на кои таа им беше доделена.
Слична хуманитарна акција со која ќе бидат опфатени лицата од ромска националност деновиве најави и Невладината организација „КХАМ“ од Делчево. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила

ДУИ кон внатрешни реформи? Се очекуваат промени и нови имиња во партијата

ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука