Утрински Весник
Свет

Швајцарија денеска ги заостри санкциите кон Русија

Швајцарија денеска ги заостри санкциите кон Русија
Dik 300x250 mk

Швајцарската влада денеска ги продолжи санкциите кон Русија во согласност со понатамошните мерки воведени од Европската Унија, заострувајќи го извозот и финансиските услуги во таа земја поради нејзиниот напад врз Украина.

Отстапувајќи од традиционалната неутралност, Швајцарија во понеделникот одлучи да ги усвои санкциите наметнати од Европската Унија (ЕУ) за руските граѓани и компании и да го замрзне нивниот имот, објави „Ројтерс“.

Швајцарија денеска усвои нови финансиски мерки, вклучително и забрана за трансакции со Русија преку централната банка и усвојување на мерките на ЕУ СВИФТ, а исто така го блокираше извозот на бројни производи во Русија.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп