Утрински Весник
Магазин

Шварценегер ќе заработи 135.000 долари за сесии средби со 115 фанови

Шварценегер ќе заработи 135.000 долари за сесии средби со 115 фанови

Холивудска икона Арнолд Шварценегер наплатува до 750 фунти (1.350 американски долари) за фотографии и ракување на настан во Бирмингем, Англија, објави весникот „Сан“.

Фановите на Терминатор ќе добијат две копии од фотографијата со него.

Шварценегер, кој беше гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година, наводно ќе стави во џебот 73.425 фунти (81.542 евра) тој ден, пишува весникот.

Настанот во NEC-арената во Бирмингем е закажан за во октомври следната година и е најавен како прослава на добро здравје и исхрана.

Годишниот спорстки фестивал, познат како Arnold Sports Festival исто така ќе има низа спортови за гледачите, вклучително и бодибилдинг, кревање тегови, мешовити боречки вештини, како и навивања.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто јануари важи за „месец на разводи“ и што навистина се крие зад новите почетоци

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица