Утрински Весник
Магазин

Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Тој се стекна со светска слава со бодибилдинг, кога го препознаваа под псевдонимот „австриски даб“.

И децении потоа, Арнолд Шварценегер одржува форма, па така и оваа недела ја започна со вообичаеното возење велосипед покрај плажа.

73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија ги покажа мускулестите нозе додека се движеше по велосипедска патека на плажата Вил Роџерс. Терминаторот се погрижи да преземе мерки на претпазливост и заштита со носење маска на лице во тек на пандемија на коронавирусот.

Пред неколку дена Шварценегер се појави на Инстаграм со неговиот син Џозеф Баена, кој оди по стапките на својот татко во бодибилдинг.

На фотографијата објавена од Џозеф (23) таткото и синот стојат пред мурал на кој се гледа Арни во најславните денови, кога го нарекуваа „австрискиот даб“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март