Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со македонската делегација во стрелаштво која од 24 до 5-ти септември ќе учествува на Параолимписките игри во Токио. На средбата, стана збор за подготовките на нашиот тим кој треба да учествува во натпреварите во стрелаштво. Стрелачката Оливера Наковска Бикова е единствениот македонски учесник на параолимпијадата во Јапонија.

„Ви посакувам многу среќа и да ни се вратите со медала. По враќањето од Параолимписките игри ви стојам на располагање за средба и разговор за сите предизвици со кои се соочуваат нашите спортисти со попречености. Ќе разговараме не само за правата туку и за услугите и потребите на лицата со попречености. Во планот на МТСП и на Владата е надоместокот за попреченост од наредната година да се покачи за 15 проценти“ рече Шахпаска.

Стрелачката Наковска Бикова, реча дека е убедена оти ќе се пласира во финалето на Параолимписките игри во Јапонија.
„Сигурно ќе успеам да се пласирам во финале во една од дисциплините. Имам три дисциплини, три шанси, здравје боже понатаму сè е среќа. Кога се влегува во финале се почнува од нула, претходниот резултат се брише, рече Наковска Бикова.
Според тренерот Бранимир Јовановски, стрелачката Наковска Бикова на 31 август ќе се натпреварува во стрелаштво со воздушен пиштол на десет метри, на втори септември со спорт пиштол на 25 метри и на четврти септември, со пиштол по слободен избор на 50 метри.
„За Токио тргнуваме на 23 август, треба да стигнеме на 24 август кога ќе биде и отворањето на параолимписките игри. Се надевам дека ќе ги завршиме сите процедури и дека ќе се појавиме на церемонијата на отворање, во спротивно ќе треба некој друг да го носи нашето знаме“, рече Јовановски.

Можете да прочитате

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража