Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Направивме големи исчекори во родовата еднаквост, социјалната реформа и во пензискиот систем

Шахпаска: Направивме големи исчекори во родовата еднаквост, социјалната реформа и во пензискиот систем

Велес, 30 јуни 2020 (МИА) – Граѓаните да излезат на 15 јули, почитувајќи ги сите протоколи и го дадат својот глас затоа што можеме уште повеќе и уште подобро. На 15 јули да ја славиме победата на коалицијата „Можеме!“. Ова вечерва го порача носителката од ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Велес.
Таа се осврна на се она што се залагала како пратеник во Собранието во изминатите години – родовата еднаквост, социјалната реформа и реформата во пензискиот систем. -Тоа се три области во кои ние како социјалдемократи направивме историски скок, посочи Шахпаска пред велешани.
– Нов закон за мобинг и санкции за  извршителите на истиот, ослободување на жените од стереотипни обврски во семејството и нејзино изедначување во правата и можностите како и мажите, се дел од она кое го нуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот мандат, рече Шахпаска.
Најави дека во следниот период ќе се зголеми опфатот на деца во градинките за 7.500 деца, ќе се реновираат 43 градинки, ќе има вработување на нови негувателки и воспитувачки. Информира дека ќе продолжи грижата за лицата со попреченост, а до  2021 за 21 отсто ќе се зголеми додатокот за лицата со попреченост.
– Нема да застанеме на 5.000 согласности, 780 вработени доктори и 1.000 сестри, продолжуваме понатаму ги поддржуваме специјализантите со цел да ги задржиме, дома.  Штотуку дипломираните доктори со лиценца добиваат платена работа, истакна Шахпаска.
Пензионерите, како што рече, конечно со доаѓањето на оваа власт го добија и законското усогласување, а во следниот мандат проектиравме  зголемување на минималната пензија за 21 отсто. -Тука е и социјалната пензија, 6.000 денари кои можеби не се многу, но многу значат за оние кои до  вчера не земале ниту денар, рече Шахпаска. мд/ад/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме