Утрински Весник
Македонија

Шахпанска: Веруваме дека можеме уште повеќе, и уште подобро

Шахпанска: Веруваме дека можеме уште повеќе, и уште подобро

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Да си ја чуваме татковината и да продолжиме да вложуваме во неа и во нашите граѓани, порачува Јагода Шахпаска носителка на листата на Коалицијата „Можеме’ во ИЕ 3.

Во својата изјава за медиуми од Ајтовскиот рид, таа рече дека живееме во земја која е надарена со природни убавини и исклучително добра местоположба.

– Изминативе нецели три години, навистина многу вложивме. Направивме вистински пресврт во економијата, го подобривме  животниот стандард на граѓаните, ги изградивме надворешните релации кон Европа, кон светот. Направивме многу, но веруваме дека можеме уште повеќе, и уште подобро. Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината, рече Шахпанска.

Според Шахпанска, во наредните четири години коалицијата „Можеме”, ќе продолжи со градење на нова македонска развојна економија, уште повеќе инвестиции, уште повеќе нови работни места и повисоки плати.

– Нашата економија до крајот на мандатот да достигне солиден и одржлив раст од четири отсто. Странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за четири години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите. За четири години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. Шесто милиони евра за поддршка на домашните и странски инвестиции, посочи Шахпанска.

До крајот на мандатот. како што наведе Шахпаска, коалицијата „Можеме”, ќе ја намали невработеноста на ниво за три отсто годишно.

– Нашата цел до крајот на мандатот е едноцифрена стапка на невработеност. Трендот на раст на плати продолжува. До крајот на мандатот минималната плата ја зголемуваме на 20.000 денари. Што претставува  дури 120 проценти повеќе од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот да достигне 34.000 денари, потенцира Шахпаска.

Воедно таа истакна дека проекција на Коалицијата „Можеме“ e зголемување на најниските пензии за најмалку 21 отсто. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме